fbpx

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

-

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489.

„Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане до крајот на изборниот ден така, досега изборите се одвиваат со максимално почитување на здравствените протоколи бидејќи исклучително е битно секој што сака да го реализира своето гласачко право денеска, секој граѓанин, да биде максимално заштитен. Се разбира, зборувам и за луѓето, околу 30-35 илјади кои се ангажирани како членови на гласачките одбори,“ изјави Пендаровски.

Тој потенцираше дека ние сме една од првите 5-6 држави во светот која организира избори во време на корона.

„Во текот на изборниот ден се до прогласувањето на резултатите и сосема небитно од тоа кој ќе биде формален победник вечерва, очекувам како што и доликува на една европска демократска држава, сите учесници на изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг,“ додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...