fbpx

Пендаровски на средбата со Мишел го реафирмирал ставот за почетокот на преговорите со ЕУ

-

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста на земјата, во Киев остварил средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

На средбата, соговорниците размениле мислења за најновиот развој на настани во контекст на процесот на проширување на Европската Унија, како и за македонскиот напредок во клучните реформски области и можностите за одржување на прва меѓувладина конференција.

„Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан. Претседателот Пендаровски го реафирмираше и ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за валоризирање на напредокот на ниту една земја на патот кон Европската Унија и дека во тој контекст треба да се бара решението за нашата држава,“ се вели во соопштението.

Покрај ова, двајцата соговорници се осврнале и на состојбите во Европската Унија и кај нас, а размениле мислења и информации и за случувањата во Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...