fbpx

Пендаровски на промоцијата на поштенска марка со ликот на Блаже Конески: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на поштенска марка по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, а во рамки на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија.

„За жал, и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик и неговото верифицирање од страна на светската лингвистичка наука, сведоци сме на негации и притисоци. Сепак, ме радува фактот што барем внатрешно немаме никакви колебања и што обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик. Впрочем негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академик Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти-македонисти кои го проучувале и изучувале. Кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски,“ рече Пендаровски и додаде дека тоа е долг кон науката, кон вистината и правдата.

Претседателот порача дека во годината на Конески, но и во секоја следна, како општество, но и како поединци – обични граѓани или претставници на институции, да работиме сплотено и одговорно во афирмацијата и промоцијата на неговото дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...