fbpx

Пендаровски-Лофвен: Шведска со поддршката за евроинтеграциите, во контекст на очекуваниот почеток на преговорите

-

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум „Remember-React“, („Запомни – Реагирај“), информираат од Кабинетот на претседателот.

„Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро-интегративен пат,“ се вели во соопштението.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина.

Истовремено, претседателот Пендаровски изразил благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутирале и за билатералните односи меѓу двете држави и беше оценето дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...