Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот.

На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.