fbpx

Пендаровски го одликува Бигорскиот манастир со Орден за заслуги за државата

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонес во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, соопштија од претседателскиот кабинет.

Ова високо државно одликување Пендаровски му го додели на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, Партениј, во претседателската резиденција на Водно.
„Бигорскиот манастир, надвор од било какво сомнение, е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност. Бигорски не е само православен манастир и христијанско светилиште, тој од секогаш бил прочуен како место каде што помош, поткрепа, човечки збор и утеха можеле да најдат сите, без разлика на нивната верска, етничка или било каква друга припадност. Историјата на манастирот, но, не помалку и неговата денешна, жива духовна и културна мисија и ангажман, лесно ги надминуваат државните граници и ги сплотуваат и обединуваат луѓето што е сигурно најблагородната можна кауза во светот од кој сме дел“, изјави претседателот Пендаровски.

Епископот Партениј посочи дека е значајно што орденот се доделува во време на духовна и морална ерозија, кога искуството на предците е до крајност занемарено и ја поздрави поддршката на државниот врв за признавање на Македонската православна црква, Охридска архиепископија.

Централната прослава на 1000-годишниот јубилеј на Бигорски манастир ќе биде одржана в недела во манастирот, со почеток во 9 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...