fbpx

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата Шведска амбасадорка, Ами Ларсон Џеин

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји во континуитет градат партнерски односи, кои се рефлектираат не само преку високото ниво на политички дијалог, туку и преку соработката во областите од заемен интерес.

Претседателот истакна дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија е од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и изрази благодарност за конзистентната поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции.

„Кралството Шведска ќе претседава со Советот на Европската Унија во првата половина на 2023 година и убеден сум дека поддршката за интеграцијата на Република Северна Македонија ќе продолжи со несмалено темпо“, истакна Пендаровски.

Амбасадорката Ларсон Џеин рече дека билатералната соработка се одвива на задоволително ниво во многу области од заеднички интерес, како што се демократијата, родовата еднаквост и животната средина.

Новоименуваната амбасадорка изрази благодарност за брзата и силна поддршка на Северна Македонија за ратификување на протоколите за пристапување на Кралството Шведска во НАТО, како и за принципиелните позиции на Северна Македонија во контекст на демократијата и владеењето на правото на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски на амбасадорката Ами Ларсон Џеин ѝ посака успешен мандат за време на нејзината значајна дипломатска мисија во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...