fbpx

Пендаровски: Да го заштитиме нашето природно богатство и да креираме здрава животна средина

-

Климатските промени не се процес кој не чека во иднина, туку се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата. Ние политичарите, имаме обврска, активно да работиме со цел да креираме поздрава животна средина, рече во своето поздравно обраѓање претседателот на државата Стево Пендаровски на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во организација на Институтот за комуникациски студии.

– Како  претседател ќе сторам се што е во моја надлежност, но и јавно ќе повикам на поголем ангажман на повеќе надлежни сектори во нашето општество заради ублажување на негативните ефекти кои сите ние ги чувствуваме – рече Пендаровски осврнувајќи се на минатонеделната средба која ја имаше во својот кабинет со претставници на десетина граѓански организации и иницијативи кои му се обратија со барање да преземе мерки за заштита на животната средина.

Пендаровски најави дека на првата наредна седница на Советот за безбедност којашто ќе се одржи во средината на декември, заштитата на животната средина ќе биде ставена, за првпат во историјата, како точка на дневниот ред, а на таа седница ќе бидат поканети да присуствуваат претставници на граѓанските организации кои ќе имаат можност директно со членовите на Советот да разговараат за оваа важна тема и да предложат мерки за поголема заштита на животната средина и справување со загадувањето.

Тој потсети дека, во насока на своето поактивно инволвирање во решавањето на проблемот со аерозагадувањето тој ја вратил во процедура Стратегијата за одбрана за да биде дополнета со  мерки и активности за еколошка безбедност. Претседателот се заложи за поголем државен буџет за заштита на животната средина како и за создавање на национален фонд за заштита на животната средина.

Пендаровски повика и на заштита на националното природно богатство.

– Нашата држава претставува една од најважните точки на биодиверзитетот во Европа, според бројот на регионални, национални и локални ендемити. Охридското и Преспанското езеро, кањонот Матка, високите планински врвови на Шара во себе кријат огромен број на видови, кои се докази за богатата природна историја на државата. Од друга страна, Северна Македонија има најмал процент на заштитени подрачја во регионот и во Европа. Шар Планина, Осогово и Јабланица, се само дел од подрачјата кои чекаат на конечна законска заштита. Сметам дека преку зголемување на мрежата на заштитени подрачја ќе се гарантира опстанокот на многу растителни и животински видови, како и на нашите ретки екосистеми – рече Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...