Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ја потврди средбата која треба да се случи со францускиот претседател Емануел Макрон на 12 ноември.

Претседателот ќе учествува на Парискиот мировен форум, а вчера тој изјави дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво.

Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември, на кој се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.