По очигледниот неуспех на Европскиот Совет да повлијае на францускиот претседател Емануел Макрон да ја смени одлуката и да прифати давање датум за почеток на преговорите за Македонија, шефот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на нацијата во 14 часот.

Обраќањето на Пендаровски ќе се емитува во живо на МРТ, на 1-от и на 2-от канал, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук-страницата на претседателот Пендаровски.