Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид, кој се сомничи дека барал од малолетничка да му испраќа фотографии со експлицитна содржина, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Осомничениот во април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17 годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението.