ПДП: Оставките се за поздравување

-

Партијата за демократски просперитет преку писмено соопштение ги поздравува одлуките за оставки на министерката за внтарешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и на директорот на УБК, Сашo Мијалков, иако, како што се наведува соопштението, тие оставки се со големо задоцнување.

Од партијата овој чин го сметаат за придонес и за вовед во решавањето на долгата политичка криза, која многу негативно се одразува во економскиот, социјалниот и во политичкиот живот во Македонија.

ПДП преку писменото соопштените, го повикува министерот Абдилаќим Адеми, поради вистинскиот хаос што го креираше сите овие месеци во областа на средното и на високото образование, веднаш да даде оставка.

Првата политичка партија на Албанците во Македонија преку соопштението, ги повикува и другите функционери на ДУИ кои се инволвирани во економски криминал и во корупциски скандали, да го следат патот на нивните колеги од истата Влада.

Од партијата информираат дека една преодна коалициска влада со министер професионалец во МВР, би преставувала почеток на решавање на кризата, чиј епилог би бил одржување на вонредни парламентарни избори, во вистински фер и демократска атмосфера.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...