Пазарот најмногу бара трговци и продавачи

-

Во четвртото тримесечје од 2019 година стапката на слободни работни места во државава изнесува 1,77 отсто, објави Државниот завод за статистика, про што најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања, работници во услужни дејности и продажба, односно трговци и продавачи. Слично е и во речиси сите квартални статистички извештати веќе подолг период наназад, но не е невообичаено ако се има превид дека се тоа занимања каде се бараат пониски кваликации, како и фактот дека е многу честа миграцијата на вработените во овие дејности, поради ниските плати.

Највисока стапка на слободни работни места во последното тримесечје од ланската година има во секторот на административни и помошни услужни дејности, 4,71 отсто, додека најмала е стапката на слободни места за работа во секторот на снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде статистикатата забележала само 0,60 отсто слободни места.

Деловните субјекти кои имаат 250 и повеќе вработени имаат само 1,79 проценти слoбодни работни мeста, додека оние кои бројат меѓу 10 и 49 вработени имаат и највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,02 отсто.

Вкупно во државава, во сите дејности, има 502.657 пополнети работни места, а 9.053 слободни. При тоа, од регионите, во Пелагонискиот Регион е евидентиран највисок процент на слободни работни места од 2,08 отсто, покажуваат податоците за четвртото тримесечје од минатата година. Во скопскиот регион има најголем број на пополнети работни места, 253.901, но и најмногу слободни места за работа, 4.745.

Според статистиката, во преработувачката индустрија има најмногу вработени, 120.967 и во трговијата на големо и мало, 85.841, каде се регистрирани и 1.345 слободни места за работа. Најмалку, пак, простор за работа се нуди во дејоста на недвижниот имот, каде имало 2.384 вработени, а само 57 слободни работни места.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...