Пазарот е недоволно отворен за вработување на лицата со попреченост

-

Пазарот на труд во државава е отворен подеднакво и нуди исти услови за сите оние кои сакаат да најдат работа, барем тоа го гарантираат законските норми. Сепак, беше и сѐ уште е мал бројот на лицата со попреченост кои се вклучени во него и покрај низа грантови, проекти, здруженија и центри за нивно поголемо интегрирање во пазарот на работна сила и нивна економска независност.

Во 2014 година дури и се донесе посебен Закон за вработување на лицата со инвалидитет, според кој приватните компаниите и државните институции со над 35 вработени имаа обврска да вработат едно лице, но тоа во практика речиси и не заживеа.

Во повеќе досегашни анализи на Министерството за труд и социјална политика се констатираа дека сѐ уште има пасивност на отворениот пазар, како и психолошки бариери кај раководителите за искористување на работниот потенцијал на лицата со попреченост, зависно од нивните способности. Тоа е така, и покрај тоа што за вакви вработувања постои голема финансисика поддршка од државата и ослободување од давачките за даноци и за придонеси. Оние кои досега се вработиле,  во најголем дел се ангажирани во заштитни друштва, во графичката дејност и во текстилната индустрија.

Недоволниот степен на образование, како и старосната структура на овие лица, веројатно се клучните фактори за оваа состојба на пазарот, односно за нискиот степен на вработеност. Иако се претпоставува дека е значителен бројот на лицата со попреченост во државава, малку од нив се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување (АВРМ).

„Заклучно со декември 2019 година биле регистрирани вкупно 1.282 невработени инвалидни лица, од кои најголем дел, 182, се на возраст меѓу 55 и 59 години. Според образовната структура, без образование и со основно образование се повеќе од половината, или 747, а со непотполно средно образование се 234 лица. Според степенот на инвалидност, дури 539 невработени лица се со пречки во развој, а како телесни инвалиди се евидентирани 306 лица“, посочуваат од АВРМ и додаваат дека во буџетот на АВРМ за оваа година, во посебниот Фонд за инвалидни лица се определени 286.500.000 денари, од кои се искористени 19.299.766 денари или 6,74 отсто (со оглед на кусиот период за реализација).

Сепак, расте заинтересираноста кај компаниите за овие вработувања. Според официјалните податоци на АВРМ, од почетокот на годинава до 25 февруари се евидентирани 14 поднесени барања на фирми за одобрување на средства за вработување на лица со попреченост, при што најголем дел од нив побаруваат износи од 485.520 денари. Иако има и такви како, на пример, битолската печатница „Киро Дандаро“ (која традиционално вработува лица со попреченост) и трговската фирма „Мастер протекшн“ кои бараат и повеќе средства, односно 2.741.180 и 2.886.160 денари, заради поголем број на вработувања.

Кои се поволностите за компаниите кои ќе вработат лице со попречен развој?

Според Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, за вработување на лице со попреченост на неопределено време, на фирмите им се доделуваат еднократно по 20 просечни нето плати исплатени во претходната година, пред вработувањето, односно 40 просечни нето плати исплатени за претходната година, пред вработувањето, ако станува збор за слепо лице или за лице со попреченост кое се движи со помош на инвалидска количка. За адаптација на работно место се доделуваат средства во висина до 100.000 денари, а за набавка на опрема 200 просечни нето плати исплатени во претходната година, при што основен критериум за висината на доделените средства е бројот на вработени лица. Поддршката е наменета и за работен асистент на лице со попреченост.

Програмата за поддршка за вработување на лица со попреченост, во рамки на Оперативниот план за годинава, можат да ја користат лица со попреченост кои самостојно вршат дејност како трговец поединец, работодавач, трговски друштва за вработување на лица со попреченост-заштитни друштва, државна администрација, единици на локалната самоуправа и Град Скопје, јавни претпријатија, агенции, фондови и други државни институции.

Преглед на регистрирани пријави  на засновани работни односи на инвалидни лица во период 2017-2019 година
Година Вкупно Заштитно друштво Јавен сектор Други фирми Трговец поединец
2017 1.271 397 42 798 34
2018 1.340 423 76 806 35

Извор: АВРМ

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, пак, кои се добиваат врз база на спроведени анкети на одредена група на население, во 2018 година во трговски друштва за вработување на инвалиди биле вработени 2014 лица, а од нив 2 работеле од дома. Од таа бројка, 461 лице било физички инвалид, 115 биле со оштетен вид, 244 со оштетувања на слухот, а 891 лице било со психички пречки во развојот, додека 303 се евидентирани во графата „други“.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради...