fbpx

Патрониот празник на Прилеп „Свети Никола“ од годинава ден на хуманост на градот

-

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на денешното одбележување на Свети Никола, патрониот празник на градот, повика од годинава тоа да биде ден на хуманост на градот.

– Секој кога може и колку може да подари, да подели храна, облека, потребна помош за нашите сограѓани.  Сите заедно да ја прегрнеме со хуманост, љубов и почит нашата заедница. Да покажеме искрена грижа, топлина и разбирање за сите наши граѓани. Да го зачуваме нивното достоинство. Тивко, нечујно, помошта да стигне на потребните адреси. Да не дозволуваме стравот и предрасудите да нè делат. Давајќи го најдоброто од себе, да градиме заедница со капацитети за брзи и квалитативни промени. Со почит, искрени и добри намери, пријателство, меѓусебна љубов и емпатија, да градиме заедница со вистински вредности. А овој ден, од оваа година да биде Ден на хуманоста за Прилеп! – порача градоначалникот Јованоски, на денешното чествување на градската слава во центарот на Прилеп.

Општина Прилеп годинава организираше два хуманитарни настана. Во рамките на хуманитарната акција „Подај рака – биди човек“, реализирана во соработка со здружението „Епилепсија Македонија“ и Општинската организација на Црвен крст, во неколку маркети во градот, донациите на граѓаните спакувани од волонтерите на овие асоцијации, преку екипите од центарот за социјална работа, се веќе дистрибуирани до 11 прилепски семејства.

Како второ, парите што ќе бидат собрани на традиционалниот Светониколски турнир во мал фудбал, ќе бидат наменети за децата со ретки болести, меѓу нив и оние со цистична фиброза.

Домаќин на годинашниот празник беше семејството на  градоначалникот Јованоски, кое за бројните посетители подготви посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав, посни специјалитети и пијалоци. Во нејзино име, порака среќа, радост, здравје и благосостојба на сите граѓани упати сопругата на градоначалникот, Виолета Јованоска.

– Нашата фамилија е почитувач на традицијата што се негува во нашиот град, и се пренесува од колено на колено. Со радост го организиравме годинешното чествување, упатувајќи им честитки на сите граѓани кои што денеска чествуваат со семејствата – рече Јованоска.

Кум на идната градската слава е семејството Небрежанец.

-Чест ми е што моето семејство ќе го преземе кумството за следната година. Најубави желби за сите граѓани на Прилеп – порача Кирил Небрежанец, иден кум на градската слава.

Свети Никола е прогласен за патрон на Прилеп пред 13 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...