Лажната вест дека Никола Груевски бил уапсен во Будимпешата уште пред два месеци е пример кој покажува дека дезинформациите не секогаш се продуцираат во само медиумски кругови, туку директно и во политичките центри.
Пробавме да го лоцираме патот на овој „лажњак“ од вест кој денеска на 02.12.2019 доби дури и официјален демант од Министерството за правда во Владата на Република Северна Македонија!
„Нашиот народ мора да знае, Груевски е уапсен, тука се молчи. На Груевски му се ставени лисици пред два месеци и ние Републиканците го знеме тоа. Се чека само кога Заев ќе собере храброст да биде сериозен политичар и да побара да го испорачаат“ (од 49.20-49.30 мин. во видео-интервјуто)
Лажната вест се всушност овие две-три реченици изговорени во еден здив во 10 секунди од Никола Сандуловиќ, бизнисмен и лидер на вонпарламентарната Републиканска странка на Србија. Овие реченици се изговорени во рамките на жестока и не баш поткрпена критика кон српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју од над еден и пол саат, а пласирано на Јутјуб каналот на емисијата „Авторитет“, на т.н. Национална јутјуб телевизија „Српски колектив“, која постои од 2017 година.
Заднината на оваа Јутјуб телевизија не ни е позната – иако нејзиниот основач, сопственик и главен уредник и новинар, тврди дека медиумите во Србија биле понижување за српскиот народ и дека затоа решил да се впушти во новинарство и медиуми за да ги прикаже состојбите во општеството. Очигледно е дека станува збор за медиумски производ со десно ориентирана опозициска уредувачка политика која се потпира на христијанството и православието, на Србија и на српството, a како главен таргет го има Александар Вучиќ и сегашната српска власт.
Од друга страна, иако релативно непознат или маргилизиран во српскиот медиумски простор, едно време може да се забележи дека „Српски колектив“ е речиси е редовно пренесуван од он-лајн медиумот „Србин.инфо“, во чиј горен десен дел има банер што ве води до Претседателот на Русија Владимир Путин. Уредувачката политика е десно ориентирана, православие, словенство, Србија, и тн.
ИНТЕРВЈУТО НА САНДУЛОВИЌ, НЕЗАБЕЛЕЖАНО ДУРИ НИ ВО СРБИЈА
Веста настанува истовремено кога е емитувано видео–интервјуто со Сандуловиќ, на 27 ноември, т.е. пред безмалку седум дена. Меѓутоа, медиускиот простор во Србија не покажува многу интерес за интервјуто со наслов: „Сандуловиќ – Вучиќ има сида и знам кого се заразил…“ и колку што покажа интернет пребарувањето објавен е само во еден он-лајн портал.
После цели 5 дена, ова лажна и со ништо поткрепена вест што ја изговара полтитичар, во медиумскиот простор на Македонија практично ја внесува ФРОДЕМ, движење, па партија која се основаше 2015 година во која едно време претседател беше професорот Јове Кекеновски. Не знаеме дали уште е, зашто оваа партија нема веб страна, но Кекеновски изутринава (2 декември) ја пренесе веста за соопштеието на ФРОДЕМ на својата ФБ страна и водеше дисусија во насока на соопштението. Демек било многу сериозна работа искажана од сериозен политичар…
ВЕСТА ЈА ПРОШИРИЈА ПОЛИТИЧАРИТЕ ИАКО Е ПРЕНЕСЕНА ОД МЕДИУМ
Според агрегаторот на вест „Тајм мк“ соопштението од ФРОДЕМ е пренесено од неколку медиуми по 9 часот изутрината. Прв медиум што го пренесува е „24 Инфо“ каде е објавено во целост. Во соопштението се бара одговор од Заев и Дескоска зошто не бараат екстрадиција ако е точна информацијата на српската Јутјуб телевизија, а ако не била точна да демантираат, затоа што Никола Сандуловиќ бил сериозен српски политичар, поранешен сооработник на Зоран Ѓинѓиќ, и еден од најголемите лобисти во меѓународната заедница Заев да станел премиер!?
Притоа, од ФРОДЕМ наведува дека српскиот медиум тоа го објавил пред три дена, што не е точно, зашто оригиналаната објава е на 27 ноември. Но и тоа станува јасно ако се погледаат датумите. Практично за ФРОДЕМ важи датумот од 30.11.2019, зашто најверојатно тогаш некој ја забележал на интернет просторот од македонски медиум. Имено веста е објавена единствено од Македонски весник, портал без импресум.
Еден час по објавата на сооопштението на ФРОДЕМ, Министерството за правда и официјално и лично министерката преку нејзинито ФБ профил ја демантираа веста.
Овој пример покажува како медиумите не се секогаш главните виновници за лажните вести, туку, само, така да кажеме – помагатели. Овој пат, лажната вест ја искажува политичар, а во медиусмиито простор во Македонија ја пренесеуваат, макар и со реторички рашања, исто така политичар или политичари.