Патниот правец кој води низ Галичица и оваа зима останува затворен за сообраќај

-

Есенва, како и децении наназад, „Македонија пат“ стави забрана до 1 април за користење на патниот правец кој води преку Галичица од ресенското село Царина до Трпејца.

Наместо државата сите овие изминати години да направи напор и да го санира, таа повторно става забрана за негово користење, и покрај тоа што Охрид е се поинтересна дестинација за сите оние кои ги сакаат алтернативните форми на туризам, планинарењето и зимските спортови. Галичица е привлечна и за домашните и за странските посетители, но тешко пристапна.

Сезонското затворање на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица со години наназад од „Македонија пат“ го правдаат со економска неисплатливост за негово одржување. Но низ годините имаше и иницијативи и барања овој патен правец да се реконструира, прошири, одржува и да биде ставен во функција и преку зимските месеци во интерес на туризмот и искористување на потенцијалот на Галичица.

„Патот е една од пречките која не спречува да имаме поголем проток на луѓе во зимскиот период и со тоа се пренасочуваат луѓето на други места како што се Маврово, Попова Шапка, иако природните услови на Галичица се подобри. На пример на Попова Шапка одат и луѓе кои не скијаат, а одат на рекреативни прошетки, на пешачење на планинарење,“ вели Антонио Додевски професионален водич на планина.

Тој истакнува дека уште позбунувачко е што од една страна се забранува сообраќај на овој патен правец, а од друга страна на почетокот на овој пат има знак на кој стои дека патот е прооден до Корита. Па поради ваквите пропусти многупати посетители на Гaличица заглавиле одејќи кон планината, па морало да се интервенира и да се спасуваат.

„Се надеваме дека во иднина сите надлежни институции ќе го разберат од една страна потенцијалот, а од друга заканата и ризиците и ќе мора да работат на подобрување на инфраструктурните услови за да може тоа да се одвива безбедно“, вели Додевски.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...