fbpx

Патник тврди дека има четворица загинати на бродот кај Крф

-

Грчките медиуми пренесуваат непотврдена информација од италијанската информативна агенција АНСА за можни  четири загинати на бродот „Норман Атлантик“. АНСА се повикува на сведоштво од еден од спасените патници со турско државјанство, кој изјавил дека при напуштањето на бродот, видел четири безживотни тела во еден дел од бродот блиску до платформата за напуштање на фериботот. Патникот бил во шок.

Информацијата нема официјална потврда. Грчкиот министер за поморство, Милтијадис Варвициотис, изјави дека засега немаат информација за други загинати, освен несреќниот грчки патник што загина од премрзнување при неговото извлекување во текот на вчерашниот ден.

Медиумите, повикувајќи се на сведоштва на спасени патници, шпекулираат дека е можно на бродот да имало и имигранти кои патувале непријавено.

Бројката на спасени патници од „Норман Атлантник“ во моментов е 324, а извлекувањето продолжува со забрзан ритам. На бродот има и медицински персонал, кој им помага на патниците.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...