Партиски препукувања за буџетот, за власта е развоен, за опозицијата расипнички

Од владеачката партија посочуваат дека буџетот е развоен што се гледа во планираните инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти

-

Предлог буџетот за 2025, според владеачката ВМРО ДПМНЕ предвидува 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции, што според нив ќе придонесе за подобар животен стандард. За опозициската СДСМ, пак, предлог буџетот на владата на Христијан Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија.

Од владеачката партија посочуваат дека буџетот е развоен што се гледа во планираните инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти, како и од зголемувањето на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари.

„Во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции. Во оваа сума вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти“, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, велат дека буџетот тежок 6,5 милијарди, нема да се троши за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата, туку за луксуз на власта.

„Власта ги зголемува трошоците за службени возила за 75 отсто и за купување мебел, предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги, а во ист момент ги крати капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство“, велат од СДСМ и посочуваат дека расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво од 70,8 отсто.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...