Огромната футуристичка зграда на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур би можела да се искористи како прифатилиште за мигрантите, предлага лидерот на Партијата на зелените, Филипе Ламбертс.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ламбертс предложил членовите на Европскиот парламент да се преселат во зградата на парламентот во Брисел, а зградата во Стразбур да им се отстапи на мигрантите.
Неговиот предлог доаѓа откако деновиве беа објавени предлог-мерките за распределба на 160.000 мигранти во земјите-членки на Европската унија.
„Овој парламент, каде што сме собрани денес, го користиме само 50 дена во годината. Во останатите 300 дена од годината, 750 канцеларии на членовите на парламентот, сите со греење и со тушеви, остануваат празни и бескорисни“, рекол Ламбертс.