fbpx

Партиите зборуваат за ветинг, но не се подготвени бидејќи треба да ги исклучуваат своите членови

-

Иако политичките партии, за парламентарните избори 2020 година, во своите програми имаат вметнато и дел за спроведување на процесот на ветинг (верификација), такво нешто не се смета за разумно од меѓународниот фактор. Експертите за правни прашања тврдат дека без помош на меѓународните претставници, односно земјите – членки на ЕУ, со верификација на фактите во различни области, односно институции, особено во судството, не е можно да се открие вистината и правдата, што би ја ориентирала државата на патот на правото и владеењето на законите, но и на патот кон Европа, пишува „Порталб.мк“.

Но, иако политичките партии зборуваат за ветинг, тие, според експертите, не се подготвени да го преземат овој процес што служи за исклучување на носителите на јавни функции кои немаат интегритет во исполнувањето на своите должности, затоа што раководителите на институциите се од самите партии. А од друга страна, ако се преземе таков чекор, се враќа довербата на јавноста во работата на државните институции.

– Причината поради која политичките партии го ставиле процесот на ветинг во своите програми, е бидејќи се должни согласно поглавјата (23/24) кои директно го дефинираат столбот на судството, корупцијата и организираниот криминал, каде ќе треба да дадат отчет. Токму тука лежи суштинскиот проблем, бидејќи ако пристапувањето во ЕУ трае 5 години, тогаш тие ќе го продолжат 10 години, тие биле присилени затоа што од внатре може да се каже дека се „чисти“ и се борат против организираниот криминал, но од друга страна самите се причината (на организираниот долг). Доколку се анализира фактичката состојба на државата, што се однесува до напорите на меѓународната заедница, корупцијата, организираниот криминал и јавниот долг се три елементи на нефункционирање на судството и владеењето на правото. Ако странките имаат спор, тие се обраќаат кон судството. Но, ако се анализира политичката призма, неприфатливо е политиката да го реформира судството, бидејќи праведното судство има свои форми и принципи. Фактичката состојба не се анализира. Доколку се земе предвид состојбата на институциите, околу 80 отсто од нив се во долгови. Затоа, веднаш ќе се одвива судење на лицата што ја задолжиле институцијата. Второ, реформите во правосудството не се прават преку политиката, туку од судството знаејќи дека и во судовите има пропусти. Горчливата историја на Специјалното обвинителство е веќе факт. Значи, во Македонија криминалот е помоќен од самите институции – вели универзитетскиот професор, експерт за правни прашања, Башким Селмани.

Тој додава дека сме сведоци дека криминалот ја има својата основа во „Проектот 2014“, каде што некои луѓе кои ја задолжија со пари државата требаше да ги вратат, но на тие луѓе им е дадена амнестија, каде еден дел е импровизиран, а останува реториката за војна против криминал и корупција.

Од друга страна, Институтот за европска политика во Скопје го гледа предлогот на политичките партии за ветинг, во обратен меѓусебен сооднос.

– Иако можност за Ветинг се нуди во изборните програми на две партии – СДСМ и ДУИ, нивниот пристап е различен. ДУИ го гледа процесот на ветинг пошироко, односно спроведување на ветинг за сите носители на јавни функции, решение што пратениците на ДУИ го предложија во нацрт-законот за ветинг од јануари 2020 година. Овој пристап предвидува формирање на Агенција за верификација на носители и кандидати за јавни функции, како и неколку решенија што се спротивни на европските стандарди (на пример: автоматско разрешување на судии). Од друга страна, програмата на СДСМ ја нагласува потребата од „мек ветинг“ – чистење на судството со употреба на постојните механизми и институции, особено Државната комисија за спречување на корупцијата и Судскиот совет. Позицијата на меѓународната заедница е јасна по ова прашање, додаваат од оваа институција. Тие објаснуваат дека во извештајот на Прибе се вели дека не се препорачува генерален ветинг на сите судии, додека на 14-та седница на Поткомитетот за правда и внатрешни работи, одржана во ноември 2019 година, позицијата на Европската комисија, беше дека постојните механизми треба да се користат прво за да се контролираат судиите и јавните обвинители, а ветингот да се користи како последно средство кога нема да функционираат редовните механизми. Рамката за преговори се фокусира и на спроведувањето – вели за „Порталб.мк“ Ива Цоневска од Институтот за европска политика.

Од Институтот за европска политика, исто така велат дека политичките партии не се веродостојни во спроведувањето на процесот на ветинг.

– Ветинг врз широка основа, како што се предлага од ДУИ, е малку веројатен, бидејќи ги поткопува судските реформи направени досега и носи големи ризици за независност и ефикасност (што сега е на ригидно ниво). Оттука, веројатно ќе се инсистира на спроведување на многуте постојни механизми за зголемување на одговорноста при извршувањето на судската функција и нивно менување и нови додатоци само после објективна проценка – рече Цоневска.

Ветингот е постапка која служи за разрешување на јавните функционери, кои немаат интегритет за вршење на нивната задача за на тој начин се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Процесот на ветинг, по правило, се врши преку проверка на одредена личност пред да му се понуди одредено работно место. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се заснова и во проверка на способностите, личноста, богатството или други фактори поврзани со ветингот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...