Парламентот на Јужна Кореја го отповика претседателот, суспендиран Јун Сук Јеол

Jун Сук Јеол е вториот конзервативен претседател по ред кој е отповикан во Јужна Кореја

-

Парламентот во Јужна Кореја денеска гласаше за импичмент на претседателот на Јужна Кореја, Jун Сук Јеол, а 204 пратеници го поддржаа предлогот. Тројца беа воздржани, а осум гласа беа поништени, пренесува „Гардијан“. Тоа значи дека Јун веднаш ќе биде суспендиран од функцијата, а премиерот ќе стане вршител на должноста претседател.

Првата иницијатива за импичмент против Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на народна моќ го бојкотираа гласањето. За усвојување на предлогот беше потребно двотретинско мнозинство, за што е потребна поддршка од најмалку осум пратеници од ЈПП.

Како што пренесува „Ројтерс“, иако е суспендиран, до јуни ќе остане на функцијата додека Уставниот суд не го смени. Кога ќе има промена, ќе се распише втор круг избори.

Јун е вториот конзервативен претседател по ред кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...