fbpx

Парламентарни, регионални и локални избори во Србија

-

Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни и редовни регионални и локални избори.

За 250 места во собранието ќе се борат 3.270 кандидати, претставени на 20 партиски листи. Експертите и аналитичарите едногласно прогнозираат победа на коалицијата на Александар Вучиќ.

Тој во предизборниот период изјавуваше дека стратешка цел на неговата партија е членството на Србија во ЕУ, зачувување на добрите односи со Русија и привлекување на инвестиции во земјата.

Во четвртокот на полноќ настапи „ден за размислување“, кој трае 68 часа, односно до денеска во 20 часот, кога избирачките места ќе затворат и ќе почне пребројувањето на гласовите.

Според претседателот на републиканката изборна комисија (РИК), Дејан Ѓурѓевиќ, првите неофицијални резултати од гласањето ќе бидат познати вечерва во 23 часот.

Изборите ќе бидат следени од 1.687 домашни и 196 меѓународни набљудувачи.

Право на глас имаат повеќе од 6,7 милиони гласачи на 8.378 избирачки места, од кои 38 во странство.

Иницијатор за предвремените парламентарни избори беше премиерот Александар Вучиќ, кој на 3 март испрати до претседателот Томислав Николиќ официјален предлог за распуштање на парламентот и за закажување предвремени парламентарни избори. На 4 март Николиќ потпиша декрет за распуштање на парламентот и закажа предвремени парламентарни избори на 24 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...