Од утре, 26 април, до понеделник, 29 април, паркирањето на паркинзите со кои управува ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) ќе биде бесплатно за сите граѓани, поради Велигденските паразници, соопштија од јавното претпријатие.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи во вторник, со вообичаено работно време.
ЈП ПОЦ им го честита Велигден на граѓаните од православна вероисповед.