fbpx

Парите за новогодишен концерт и украсување Општина Куманово ќе ги пренамени за таблети за учениците

-

Средствата што беа наменети за одржување на празничниот концерт, огнометот и новогодишното украсување на градот, ќе бидат наменети за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, која ќе се користи за онлајн настава за учeниците, соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски на денешната прес-конференција по повод Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември.

„Оваа година решивме да ги пренамениме средствата кои се предвидени за организација на концертот и за новогодишното украсување и огномет. Веќе дадов предлог до Советот со ребалансот на буџетот овие средства да се вметнат во ставката заштеда, а потоа да се пренаменат за набавка на таблети и друга електронска опрема, што учениците од нашата општина ќе ги користат за онлајн настава,“ изјави Димитревски.

Тој најави дека годинава, поради пандемијата со корона вирусот ќе има скромно одбележување на празникот по повод 76-годишнината од ослободувањето и 501 година од постоењето на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...