Дел од студентите во Скопје изразуваат незадоволство од цените во бифеата на факултетите, кои, според нив, се превисоки за студентскиот буџет.
Неколку студенти кои се обратија до редакцијата на Мета.мк велат дека цените на храната и пијалаците во факултетските бифеа не соодветствуваат со количината и квалитетот.
Со цел да ги разгледаме овие тврдења, направивме обиколка на студентските бифеа на дел од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје.
Според она што го утврдивме, со бифеата на Општествениот кампус на УКИМ управува еден оператор, односно иста компанија оперира со бифеата на Правниот, Економскиот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет.
Цените „се јадат“, квалитетот потешко
Цените во сите бифеа на Општествениот кампус се исти, а изгледаат вака:
Слични цени имаше и во бифето на Техничкиот кампус, односно на Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Со тамошното бифе управува друг оператор, различен од оној на Општествениот кампус.
Наведените цени во менито се следни:
Од друга страна, во мала барака пред Техничкиот кампус, забележавме пониски цени на производите:
Студентско бифе за професори
„Таму јадат професорите, студентите поретко“, беше коментарот на група студенти кои ги сретнавме на Техничкиот кампус и ги прашавме што мислат за цените во студентското бифе на Машински и ФЕИТ.
За многу студенти сумите на производите во бифеата се високи, особено ако се земе предвид дека просечниот студентски буџет е ограничен. Многу студенти зависат од финансиската поддршка од семејството или работат со скратено работно време, што дополнително ги ограничува нивните можности за трошење, велат тие во кратката анкета спроведена на Инстаграм страницата „Студентарија“.
Студентите добиваат и субвенции за оброк од државата, во износ од 140 денари дневно, односно 840 денари неделно (за шест дена во неделата).
Ова се само дел од коментарите на студентите на онлајн анкетата:
„Сметам дека цените се нереални за некои производи и често храната е тврда, не е тазе“, вели студент на Правниот факултет.
„Скапо е за квалитетот што се нуди“, е коментар на повеќемина студенти во однос на цените на храната во студентските бифеа.
„На Економски е прескапо сè и не се реални цените“
„Една обична мала вода е 40 денари, во автоматот е 25 денари“
„Кафе – 70/80 денари, парче пица тенко ладно е 120 денари, готвеното е околу 250 денари, тост мал никаков исто прескап. Цените како да се правени за професорите, не за студентите“
„Прескапо е! Бифе во факултет треба да е поевтино, а не едно сокче мало да биде 80 денари“
„Цените во бифето се превисоки за стандардот на студентите“
„Истата Цезар салата што беше 120 денари претходната година, сега е 180 денари“
„Сè остана исто количински, а цените скокнаа откако добиваме цел неделен оброк во понеделник“
„Таман се цените, ако плаќаат професорите“
„Не вреди за парите“
„Прескапи се, водата е 50 денари, а во продавница е 30. Сендвич е 120, а е мал и стоен. Има готвено јадење, 2 рибини прсти и една лаажица ориз ни наплаќаат 200 денари“.
View this post on Instagram