Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни

Појдовна точка и годинава ќе биде паркот „Жена-борец“, каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците

-

Парадата на гордоста Скопје Прајд ќе се одржи на 21 јуни под слоганот „Ќе (оп) стоиме заедно!“, информираше Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Годинава ќе биде организирана како протестен марш по скопските улици, без јавна програма и забава. Причината за тоа, посочуваат организаторите, се негирањето на идентитетот и постоењето на ЛГБТ заедницата. Појдовна точка и годинава ќе биде паркот „Жена-борец“, каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.

„Оваа година, маршот на Скопје Прајд добива нова рута – симболично и буквално. Ова не е прослава – ова е протест. Во изминатите месеци, видовме како образовниот систем го брише секое спомнување на нашите идентитети, нашите приказни, нашето постоење. Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни – тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање. И токму затоа ќе застанеме пред ова Министерство, гласни и непокорни – затоа што младите заслужуваат подобро. Затоа што животите на квир учениците вредат“, порача на денешната прес конференција, Стефан Петровски, активист.

Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека во периодот на оджувањето на Парадата на гордоста, секоја година се соочуваат со сериозен говор на омраза.

„МВР го следи говорот на омраза, а ќе ги следиме и ние сите овие појави и ќе известуваме за сите случувања. Секоја година Министерството за внатрешни работи покажува високо ниво на професионалност во обезбедувањето на учесниците на Прајдот, полициските службеници успеваат да не предизвикаат страв и тензија кај учесниците“, кажа Пировска.

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа...