Папазов и ексдиректорите на пазарен инспекторат ќе чекаат судење дома, Бектеши останува во притвор

Во куќен притвор оди поранешниот градоначалник Љупчо Папазов, исто како и неговите претходници и поранешните министри за економија, и ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат

-

Основниот суд Кочани денеска на својата веб-страница објави соопштение, со кое информира за донесените мерки за обезбедување присуство на осомничените во истрагата за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во кој до сега починаа 62 лица. Од судот велат оти постапуваат по жалби на 12 осомничени за трагедијата во Кочани.

„По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири  мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а  во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор“, пишува во соопштението.

Порталот „360 степени“ објави дека ексминистерот за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, а таму е од почетокот на истрагата за пожарот во кабаре „Пулс“.

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата, од затворски, ќе оди во куќен притвор. Во куќен притвор се и неговите претходници на функцијата градоначалник, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев.

Другите поранешни министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се исто така во куќен притвор, додека за Дритон Кучи се изречени мерки на претпазливост.

Јавното обвинителство денеска демантираше дека обвинител се повлекол од случајот.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...