Папата Лав XIV вчера бил успешно опериран од рак на бели дробови, објави „Ватикан прес“. Како што е наведено во соопштението, за да се овозможи целосно отстранување на заболеното ткиво, долниот лобус на десното белодробно крило бил отстранет со помош на видеоасистирана хируршка техника.
„Хистолошкиот преглед извршен за време на операцијата ја потврди дијагнозата на белодробен аденокарцином, како што беше претпоставено врз основа на предоперативните испитувања. Светиот Отец помина приближно три часа во операционата сала. Операцијата беше успешна и помина без компликации“, наведено е во соопштението.
Оперативниот тим го предводел професорот Стефано Маргаритора, со помош на професорката Елиза Меачи, д-р Марија Тереза Конгедо и д-р Леонардо Петрака Каравела. Анестезиолошкиот тим го сочинувале професорот Масимо Антонели, д-р Џовани Пунцо и д-р Џузепе Бело.
