Поради мерките за ограничено движење во време на пандемија, жените се изложени на опасност од семејно насилство, посочи Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква. Тој повика и на молитва за жените.

„Во овие моменти жените имаат ризик да бидат изложени на насилство заради коегзистенција за што носат преголем товар“, додаде тој.

„Мета.мк“ претходно пишуваше за опасноста од ризикот да се зголемат случаите на семејно насилство.

По барањата на невладините организации да се направат исклучоци од санкции за жени и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство, Министерството за внатрешни работи информираше дека на граѓаните нема да им е потребна посебна дозвола доколку сакаат да пријават кривично дело.