Папата Франциск не напишал „потсетник за животот“

Оваа порака не се појавува на страниците на папата на социјалните мрежи, ниту пак, на официјалната веб-страница на Ватикан

-

Оваа вирална порака речиси секогаш е придружена со тврдењето дека е напишана од папата Францис, но за тоа не постојат докази. Оваа порака не се појавува на страниците на папата на социјалните мрежи, ниту пак, на официјалната веб-страница на Ватикан

Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводен цитат за животот од папата Франциск.

Овој живот ќе помине брзо:

Не расправај се со луѓето.

Не се жали премногу.

Не биди огорчен.

Нема потреба од постојани конфликти со партнерот; впрочем, вие ги избравте да споделите добри времиња, а не горчливи

Не губете спиење поради сметки.

Не престанувајте да го сакате својот сосед.

Не се задоволувајте со совршено чист дом.

Материјалните добра треба секој да ги заработи – не трошете го животот собирајќи наследство.

Не држете се до строги диети; на крајот, вашето тело е позајмено… уживајте во тоа.

Разгалете ги вашите кучиња и мачки.

Не чувајте јадења за специјални пригоди.

Користење на новиот прибор за јадење.

Искористете ги можностите кои животот ви ги нуди денес, затоа што утре можеби повеќе ги немате.

Во живо сега!

Не штедете на омилениот парфем, користете го за себе.

Носете ги омилените патики, пуштајте ја вашата музика на повтор

Зошто да не направите пауза сега?

Зошто не би повикал некого сега?

Зошто да не помогнете сега?

Јави се на пријателите, покани ги на кафе.

Зошто не би простил сега?

Секогаш чекаме нешто: Божиќ, петок, Нова Година, моментот кога ќе имаме пари, љубов, совршени околности…

Но, видете, совршенството не постои.

Луѓето не треба да се реализираат тука, туку да учат.

Затоа искористете ја оваа животна лекција и направете ја сега.

Почитувај го себеси почитувај ги другите.

Следете го вашиот пат и оставете ги другите да го следат својот.

Не критикувај, не осудувај, не мешај.

Сакај повеќе, простувај повеќе, гушкај повеќе, живеј поинтензивно а останатото оставете го во рацете на Создателот!

Папа Франциск 1936– 2025.

Оваа вирална порака речиси секогаш е придружена со тврдењето дека е напишана од папата Францис, но, како што пишува сајтот за проверка на фактите Сноупс уште во 2018 година, не постојат докази дека Светата столица всушност ги напишала овие зборови.

Оваа порака не се појавува на страниците на папата на социјалните мрежи, ниту пак, на официјалната веб-страница на Ватикан.

Една од најпопуларните варијации на оваа порака се појавила на Фејсбук страницата на „De La Salle College Malta“ во август 2017 година.

Oваа порака, но со непознат автор, се споделувала на социјалните мрежи и во 2016 година.

Ова е типичен проблем со виралните цитати на интернет. Пораката може да не добие популарност кога се припишува на непознат автор. Меѓутоа, кога ѝ се припишува познато име, таа добива на популарност. Се чини дека ова е случај со пораката „Нежен потсетник од папата Франциск“.

Најраната објава што проверувачите на факти на Сноупс можеле да ја најдат со оваа порака, е објавена на Tumblr страницата на пејачката Марсела Таис во април 2016 година. Таа порака е напишана на португалски јазик и е речиси дословна верзија на виралната објава на Фејсбук:

Гледај, овој живот брзо ќе помине, не се карај со луѓе, не го критикувај своето тело, не се жали толку многу, не го губи сонот, задолжително бакни ги родителите, не грижи се толку многу дали ќе ја оставиш куќата беспрекорна, пушти ги кучињата наоколу, не ги чувај чиниите, користи го новиот прибор за јадење, не го штеди толку омилениот парфем, носи ги омилените патики, повтори ја омилената облека, па што? Ако не е погрешно, зошто не сега? Зошто да не избегаш? Зошто да не се молиш сега наместо да чекаш да се помолиш пред спиење? Зошто да не се јавиш сега? Зошто да не простиш сега?

Божиќ се очекува многу, во петок, другата година, кога ќе имам пари, кога ќе дојде љубовта, кога ќе биде совршено… Гледај, нема да биде совршено, човечкото суштество не може да ја достигне совршеноста затоа што едноставно не е создадено за неа. Затоа, уживај во оваа проба на животот и направи го сега, направи сè што сакаш, сè додека не го оставиш Бог тажен. Дали го знаеш изобилниот живот што Бог го ветил? Па, тоа е ова, што го исполнуваш секој ден со мали надежи без да се обвинуваш себеси што се забавуваш, без да се осудуваш себеси што си толку едноставен и среќен со тоа малку што го имаш. Слушај, се обложувам дека будалите секогаш се посреќни.

Пораката „Нежен потсетник од папата Франциск“ всушност не ја напишал папата Франциск. Оваа порака циркулирала со месеци пред името на папата подоцна да биде додадено на неа.

Според тоа, оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст. Таа постои, но е погрешно атрибуирана. Нејзин автор не е папата Франциск.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...