Папата Франциск има двојна пневмонија, тестовите открија „комплексна“ медицинска состојба

Папата бил примен во болницата Џемели во Рим, откако повеќе од една недела страдал од инфекција на респираторниот тракт, која неколкупати било само бронхитис

-

Од Ватикан соопштија дека Папата Франциск е дијагностициран со двојна пневмонија откако понатамошните тестови покажале „комплексна“ медицинска состојба, пренсува Гардијан.

Понтифот, кој има 88 години, направил рендген на градите, кој „покажал почеток на билатерална пневмонија што бара понатамошна фармаколошка терапија“.

Терапијата со антибиотици и кортизон за третман на претходно дијагностицираната полимикробна инфекција на респираторниот тракт „го прави терапевтскиот третман покомплексен“.

Папата бил примен во болницата Џемели во Рим, откако повеќе од една недела страдаше од инфекција на респираторниот тракт, која неколкупати ја нарече бронхитис. Полимикробна инфекција е онаа што е предизвикана од два или повеќе микроорганизми и може да биде резултат на бактерии, вируси или габи.

Во соопштението се додава дека понтифот бил во добро расположение и ја примил Евхаристијата претходно во текот на денот. Ватикан соопшти дека ги откажува обврските на папата за претстојниот викенд поради неговата здравствена состојба.

„Поради здравствените состојби на Светиот Отец, јубилејната аудиенција во сабота, 22 февруари, е откажана“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата делегирал висок црковен претставник да ја одржи неделната миса. Неговата општа аудиенција во среда исто така е откажана. Франциск изгубил дел од неговото белодробно крило на почетокот на своите 20-ти години додека се обучувал за свештеник во неговата родна Аргентина.

И покрај хоспитализацијата, папата продолжил со својата ноќна рутина од 9 октомври 2023 година, редовно телефонски јавувајќи се во црквата Свето Семејство во Газа.

„Беше уморен, но имаше јасен глас“, изјавил отец Габриел Романели за италијанските медиуми по повикот во понеделник навечер. „Не праша како сме и ни се заблагодари со молитви. На крајот од повикот ни даде свој благослов.“

Папата, кој последниве години има проблеми со здравјето, беше хоспитализиран и во март 2023 година за она што првично се сметаше за бронхитис, но подоцна беше дијагностицирано како пневмонија. Повторно беше примен во Џемели за здравствени прегледи во јуни истата година и повторно во февруари 2024 година поради, како што рече, „малку настинка“.

Тој исто така беше подложен на операција на дебелото црево во јуни 2021 година. Папата често се гледа во инвалидска количка или со бастун поради болка во ишијатичниот нерв и проблеми со коленото.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...