fbpx

Пандемијата не го спречи одржувањето на Поинт 9.0 – најголемиот собир на НВО секторот од регионот

-

Денеска во Сараево (БиХ), по 9-ти пат започна Поинт конференцијата (Политичка отчетност и нови технологии/Political Accountability and New Technologies), која претставува платформа за комуникација на граѓанското општество, охрабрува користење на новите технологии во сите области од јавниот интерес, презема улога на форум за размена на ставови и искуства, истовремено обидувајќи се да биде инкубатор за развивање на нови идеи, проекти и стратегии.

Во густо набиената од наутро до навечер дводневна агенда, главните теми за дискусија годинава ќе се однесуваат на последиците кои пандемијата ги има врз работата на невладините организации, нивните вработени и активисти и начините на справување со новонастанатата ситуација. Кај нив работењето на далечина претставува норма, но сѐ уште постои потреба од комуникација лице в лице. На конференцијата ќе се зборува за менувањето на природата на самата работа преку употребата на алатките за далечинска комуникација, како да се засили ефикасноста на невладините организации во вакви услови, што значат овие промени кога станува збор за настаните какви што се конференциите, семинарите и работилниците, кои отсекогаш претставувале важна компонента во работата на НВО секторот, со оглед на нивната едукативна функција.

Редица панели ќе се однесуваат на проверката на факти и предизвиците со кои се соочуваат новинарите кои работат во оваа област. Големо внимание ќе биде посветено на состојбата со човековите права и сочувувањето на слободата на изразување во време на пандемија. Во таа смисла, ќе се говори и за новинарството во време на пандемија, за последиците на инфодемијата (пандемијата на дезинформации) и напливот на теориите на заговор на социјалните мрежи, при што проверувачи на факти од целиот регион ќе ги споделат своите искуства.

„По две и пол години работење он-лајн, сметаме дека конференција во живо е најдобар начин луѓето да се видат и да разменат идеи. Сакавме Поинт 9.0 да го направиме поинаков, да биде рефлексија на пандемијата, на сето она што ни се случуваше, зашто многу работи  се сменија – начинот на кој работиме, на кој живееме, на кој се чувствуваме, како пандемијата се одрази на менталното здравје, на човековите права и затоа сакаме да ги отвориме сите прашања и да видиме во кој правец ќе одиме. Во однос на проверката на факти, за жал, пандемијата влијаеше на своевидно „мејнстримирање“ на дезинформациите, на напливот на теории на заговор, кои доживеаја ренесанса во текот на пандемијата и затоа треба да се размислува како да се справиме со овој нов дезинформациски бран“, рече Дарко Бркан, лидерот на „Зашто Не“ при отворањето ан конференцијата.

Поинт 9.0 е организирана од ACTION SEE мрежата, чии членки се „Зашто не“ од БиХ, ЦДТ – Центарот за демократска транзиција од Црна Гора, ЦРТА – Центар за истражувања, транспарентност и отчетност од Србија и Фондацијата Метаморфозис од Скопје.

Лајв стримот на Поинт 9.0 можете да го следите на овој линк: https://point.zastone.ba/stream/

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...