fbpx

Пандемии ќе има почесто, ако човекот продолжи да го уништува биодиверзитетот

-

Пандемиите во светот ќе зачестат, доколку човекот не го олабави притисокот врз биодиверзитетот. Претпоставката дека ширењето на Ковид-19 започна од контактот на лилјак и човек упатува на директната поврзаност на биолошката разновидност на видовите и луѓето и преносот на вируси, а биолозите предупредуваат дека сè додека се уништува животинскиот свет, човекот ќе стане нов домаќин на нивните болести.

Масовната урбанизација, индустриското загадување и употребата на фосилни горива го уништуваат хабитатот на стотици илјади видови на целата планета. Резултатот во последните децении е големо намалување на биодиверзитетот во светот, а речиси една третина од сите видови на живи организми се во опасност за исчезнување. Тоа ќе ги насочи вирусите, бактериите и другите паразити кои се нормален дел од природата на оваа планета, токму кон човекот. Иако тие сега претставуваат директна опасност само за оној вид кои го напаѓаат, со уништување на дивите видови на животни, се уништуваат и природните резервоари на вирусите, па тие мораат да бараат нов домаќин, луѓето.

Кирил Арсовски, биолог

Човекот со својата активност, директно или индиректно влијае врз намалувањето на бројот на видови или намалување на популациите на видовите. Оваа појава дури го добива и името катаклизма на видовите. Во историјата, човекот прво ги уништувал животните преку прекумерен лов, риболов и заловување, а сега тоа го прави со сè помасовната урбанизација, индустриско загадување и енормното користење на фосилни горива кои екстремно го забрзуваат процесот на глобално затоплување. Со уништување на дивите видови, ние ги привлекуваме вирусите кон себе или кон домашните животни кои се наш извор на храна и се дел од нашето секојдневие. Како ефектите на климатските промени ќе стануваат се поинтезивни и како дивите видови ќе се намалуваат, така и бројот на потенцијални епидемии во иднината ќе се зголемува,“ вели биологот Кирил Арсовски.

Состојбата со биодиверзитетот е во најмала рака e на работ на пропаст од кој нема враќање назад, а останува уште малку време да се превземат конкретни мерки за негово зачувување и одржување, смета професорот на Институтот за биологија, Златко Левков. Ова темпо на неконтролирано користење на биолошките ресурси неповратно ќе доведе до губење на огромен број видови во светот, но и во Македонија. Во земјава има висок број загрозени видови што се должи на интензивното човеково влијание изразено преку модификација на станишта како што е сечење на шуми, палење на нискостеблени дрва и грмушки, комплетно зафаќање на извори, модифицирање на речни корита и градење на мали хидроцентрали, со што во целост се нарушува еколошката рамнотежа во поширокото подрачје. Особено големо влијание е присутно преку загадувањето и еутрофикацијата предизвикани со некотролирано испуштање на комунални отпадни води, но и отпадни води од индустријата и земјоделството. Најзагорзени станишта од овој тип се Охридското и Преспанското езеро, вели Левков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...