Швајцарските научници се обидоа да утврдат дали користењето паметни телефони нè прави попаметни. Студијата откри дека користењето уреди чувствителни на допир влијае врз делот од мозокот што го процесира допирот, пишува журналот „Курент биолоџи“.
Швајцарските истражувачи велат дека луѓето што користат паметни телефони имаат подобрен соматосензорен кортекс.
Научниците набљудувале 37 волонтери во период од 10 дена. 26 испитаници користеле телефони чувствителни на допир, а 11 испитаници користеле стар тип мобилни телефони. На волонтерите потоа им бил направен електроцефалограм (ЕЕГ), со кој се мерела промената во волтажата на мозочната активност. Најголема реакција била регистрирана со палецот, а потоа со показалецот и со средниот прст.