fbpx

Палестинец убиен по напад на официр

-

Израелската војска и полиција пукале на двајцата Палестинци, а едниот од нив бил убиен откако нападнал офицер со нож.

Полицискиот портпарол Луба Самри изјавила дека Палестинец им пристапил на официри за време на рутинска безбедносна контрола и едниот го забодел во грб. Друг офицер кој бил во близина, пукал и го убил напаѓачот.

Претходно еден Палестинец е погоден со куршум откако побарал чаша со вода од војник на граничен премин и потоа го нападнал војникот откако тој се свртел да му ја подаде чашата.
На војникот му е укажана помош на лице место, а Палестинецот бил пренесен во болница со полесна повреда на рамото.

Овие напади се случуваат кога и Израелците и Палестинците ја следат судбината на палестинскиот затвореник кој се онесвестил во петокот поради 60 дневен штрајк со глад бидејќи се наоѓа зад решетки без подигнато обвинение.

Триесетгодишниот Мохамед Алан е уапсен во ноември минатата година и притворен на шест месеци на основа на практиката на таканареченото административно притварање, кое му овозможува на Израел да држи притвореници со месеци без да биде покренато обвинение.

Израел тврди дека тоа е неопходно за да се запре милитантната активност и дека Алан е во притвор поради активности поврзани со Исламски џихад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...