fbpx

Падна власта во Шри Ланка, демонстрантите влегоа во претседателската резиденција и се капеа во базенот

-

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка во Коломбо, и покрај полицијата која ја чуваше резиденцијата. Полицијата и војската што ја чуваше резиденцијата фрлаше солзавец и пукаше во воздух како предупредување, но масата навлезе во резиденцијата. Претседателот Готабака Раџашалса најверојатно не бил во резиденцијата и со месеци се наоѓа на друго место, а безбедносните служби само кратко објасниле дека бил засолнет на сигурно место, јави Би-Би-Си.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесиге, во чија резиденција исто така навлегоа демонстранти, претходно се согласи да си даде оставка, за да се формира коалициска влада формирана од сите партии.

По месеци протести поради лошото справување со најлошата економска криза во историјата на Шри Ланка, додека владата нема повеќе странска валута и одвај успева да набави горива, храна и лекови, денеска илјадници Шриланканци повторно излегоа на улиците барајќи оставка од претседателот.

Го обвинуваат претседателот и неговото семејство, кое е во раководството на Шри Ланка околу една деценија, за лошо управување со економијата и со големо задолжување од Кина.

Откако толпата демонстранти навлезе во резиденцијата, се распрсна во речиси сите простории, а на социјалните мрежи беа објавувани селфија и видеа, на кои се гледаше и дека дел од демонстрантите се капат во базенот.

Напишете коментар

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
udemy course download free
download micromax firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=