Шест недели по изборот, падна малцинската влада на португалскиот премиер Педро Пасос Коелјо, откако синоќа ѝ беше изгласана недоверба.
Владата на Пасос Коелјо успеа да добие само 123 од вкупно 230 гласови на изјаснувањето за предлогот на Социјалистичката партија.
Социјалистите, марксистичкиот Лев блок, Комунистичката партија и зелените ѝ изгласаа недоверба на владата на десниот центар на Пасос Коелјо и на неговиот нов пакет економски мерки.