fbpx

Пад на извозот и пораст на увозот во првите два месеца од годинава

-

Вкупната вредност на извозот на стоки во првите два мееци од годинава изнесува 1.075.052.000 долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.416.730.000 долари, што е за 1,3 проценти повеќе во споредба со првите два месеца лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 341.678.000 долари.

Според податоците на Државниот завод, покриеноста на увозот со извоз е 75,8 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во првите два месеца од годинава најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...