fbpx

Пајат: САД нема зошто да се меша во спроведувањето Преспанскиот договор

Многу сум горд што поранешната заменик-амбасадорка во Атина, Кејт Брнз сега е амбасадор во Скопје. На министерот за надворешни работи на Северна Македонија на конференцијата на „Економист“ му реков дека им испративме еден од нашите најдобрите дипломати

-

Во однос на сите работи околу Преспанскиот договор, ќе оставам грчката влада да зборува за тоа. САД се фокусирани на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и на тоа ќе се насочиме и есенва, вели амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

– Посебно во поглед на Преспанскиот договор, ќе оставам да зборува грчката влада. За мене е важно тоа што 27 години власта во Грција беше извор на фрустрација меѓу дипломатите на САД и нивните грчки соговорници. Повеќе нема каков било проблем во грчко-американските односи. Ние сме насочени на поддршка на учеството на Северна Македонија во НАТО. На тоа ќе бидеме фокусирани есенва, и во нашата соработка со Конгресот. Грција, се разбира, беше првата земја што го ратификуваше Протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО, па вие го затворивте ова прашање – вели амбасадорот на САД во Грција.

Тој исто така вели дека САД ја поддржуваат грчката улога во Северна Македонија, односно во бизнис-соработката, но и на контролата на воздушниот простор на земјата од грчки воени авиони. Тој е посебно горд што Кејт Брнз е новиот амбасадор на САД во земјава.

– Ние ја поддржуваме улогата што Грција ја има во Северна Македонија. На пример, контролата на воздушниот простор на Северна Македонија, како што правите и во Црна Гора. Гледам големи можности за грчките бизниси во Северна Македонија. И, се разбира, многу сум горд што поранешната заменик-амбасадорка во Атина, Кејт Брнз сега е амбасадор во Скопје. На министерот за надворешни работи на Северна Македонија на конференцијата на „Економист“ му реков дека им испративме еден од нашите најдобрите дипломати – вели Пајат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...