fbpx

Оздравени 44 пациенти, новозаразени 13, двајца починаа

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

„Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539 , бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е еден пациент, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација пет пациенти“, информираат во министерството.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е еден пациент, а уште четворица се со потешка клиничка слика.

„Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19“, додаваат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...