Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти, починале двајца, а се регистрирани 21 новозаболени.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија починал пациент на 51 година од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Последната дистрибуција по градови е следна Скопје-493, Куманово-384, Дебар-51, Штип-34, Прилеп-147, Тетово-76, Струга-66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени осум нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се пет, а на респиратор вкупно шест пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат пет, а на домашно лекување се следат четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а уште шест се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19.