fbpx

Оздравени 142 лица, новозаразени 135, починале четворица пациенти од ковид-19

-

Во последните 24 часа, четири лица починаа, 135 лица се новозаразени и 142 пациенти се оздравени од ковид-19, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Направени се 1.259 тестирања, а најмногу од позитивните случаи се во: Скопје – 76, Куманово – 6, Дебар – 2, Штип – 6, Прилеп – 1, Тетово – 13, Струга – 7, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 10, Гевгелија – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 3 и Ресен – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица, а четворицата починати пациенти се на возраст од 67, 62, 86 и 72 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно таму се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови, а вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На респираторна машина се петмина пациенти“, информираат во министерството.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...