Оваа сабота ќе се прикаже онлајн Евровизија

Фото: https://eurovision.tv/

Викендов ќе се одржи поинакво издание на Евровизија наречено “Eurovision: Europe Shine a Light” инспирирано од песната “Love Shine a Light” која победи на овој натпревар во 1997. За време на програмата ќе бидат прикажани сите 41 песни кои требаше да учествуваат на ова натпреварување, но исто така поканети се и учесници од претходните години. Преносот ќе се одржи во сабота од 21 часот на МРТ1.