Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Раководен од сестрите Ивана и Анастија, овој простор за креативна одржливост во населба Железара докажа дека еко-размислувањето и културната врска можат да одат рака под рака

Фото: Маалски Бувљак #2

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост во населбата Железара.

Од винтиџ предмети, рачно изработен накит до книги, облека, уметнички дела и многу повеќе – секое ќоше ве поканува да ги преиспитате навиките. Раководен од сестрите Ивана и Анастија, овој простор за креативна одржливост во населба Железара докажа дека еко-размислувањето и културната врска можат да одат рака под рака.