Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

-

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека видеото не е вистинско туку е креирано со вештачка интелигенција и не прикажува вистински и реални снимки од пожарите во Лос Анџелес, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал за кој се наведува дека ги прикажува пожарите во Лос Анџелес, Калифорнија.

Пожарите во Лос Анџелес продолжуваат да горат на голема површина

Резервоарот во Палисадес, Калифорнија со 117 милиони галони вода бил исклучен, претходно планиран за одржување. Бил празен кога пожарот букнал во Лос Анџелес. Во Лос Анџелес во погодените области бил нареден полициски час, пишува во описот на видеото.

Лос Анџелес е зафатен од разорни пожари во коишто до 12 јануари 2025 година, според Би Би Си, загинаа 24 лица, а 16 до тој датум се водеа како исчезнати. Си Ен Ен извести дека површината што е изгорена е поголема од Париз. Среде оваа криза видео што прикажува различни сцени од пожари, вклучително и планини зафатени од пламен, се споделува на социјалните мрежи и во објавата што ја рецензираме.

Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека видеото не е вистинско, туку е креирано со вештачка интелигенција и не прикажува вистински и реални снимки од пожарите во Лос Анџелес.

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес и дури и креираат посебни рубрични категории на темата како овој пример. 

Сепак, некои корисници на социјалните мрежи на „Икс“ забележаа дека се работи за креација со вештачка интелигенција. И во С. Македонија имаше реакции на корисници кои го забележале трендот и ова видео се посочуваше како креирано со вештачка интелигенција поради тоа што во кадарот со возилото сопрено покрај патот регистарската табличка е со чудна нечитлива содржина, но и други показатели.

Видеото е создадено со спојување на 6 клипови на кои се прикажани пламени јазици кои голтаат на различни локации. Го анализиравме видеото со екстрахирање на кадри и ги проверивме во детектор за вештачка интелигенција. На првиот кадар има пат со палми од двете страни кој води до планина што гори. Вториот кадар има сопрен автомобил и семафор под огненото небо. На третиот кадар е градот од високо додека гори и се шири чад, на четвртиот кадар има пламен што голта згради и патишта. На петтиот кадар има рид во пламен, а последниот кадар е од портокалово небо. Сите овие кадри се детектирани како креација на вештачката интелигенција (линклинклинклинк,линклинк), пишуваат проверувачите на факти на Њуз Метер.

Друг детектор со име Wasit AI, покажува дека со исклучок на последниот кадар, сите пет други биле креирани со вештачка интелигенција.

Кога видеото ќе се пребара со Hive moderation резултатите покажуваат дека веројатноста да содржи дипфејк или содржина креирана со вештачка интелигенција е 99,8 проценти.

Што се однесува на наведеното во објавата дека резервоарот во Палисадес со 117 милиони галони вода бил исклучен поради претходен план за одржување, тоа е точно. Лос Анџелес Тајмс објави дека за ова ќе има истрага. Првичните информации на Лос Анџелес Тајмс се дека акумулацијата Санта Инез била затворена од февруари поради поправка на нејзиниот капак оставајќи го празниот комплекс за складирање вода од 117 милиони галони празен.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како altered content (изменета содржина со AI).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...