Ова се победниците на ликовниот и литературниот конкурс за Европската недела на мобилност: Жири комисијата имаше тешка задача

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

Здружението на граѓани Еко Логик ги објави победниците на ликовниот и литературниот конкурс кој беше распишан во рамки на Европската недела на мобилност. Жири комисијата оваа година имаше особено тешка и одговорна задача да ги избере трите најдобри дела на темите „Велосипедот од моите соништа“, „Еколошки предизвици и решенија во мојата околина“ и „Јас како еко херој“.

„На наше огромно задоволство, и оваа година, пристигнаа огромен број на ликовни литературни творби, 200 литературни творби, и дури 1000 ликовни творби! Тоа говори за мотивацијата и креативноста на учениците, и менторите“, нагласија од здружението.

Според Еко Логик а и судејќи по фотографиите од наградените ликовни и литературни дела учениците покажаа иновативни пристапи, искажувајќи ги своите мисли и чувства во однос на значајни прашања кои не засегаат сите нас. Тие успешно одговорија на зададената тема со сопствени идеи и пристап на работа и техника.

Критериуми кои беа земени предвид при оцена на литературните творби беа: – Творбата да биде оригинална – Талентот за литературно изразување – Творбата да одговара на зададените теми – Творбата да е напишана на стандарден македонски јазик – Да се почитуваат интерпункциските знаци и јазичните норми – Досетливост и кративност на авторот.

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

Во категоријата 1-5 одделение прва награда доби Саида Балтиќ ООУ„Рајко Жинзифов“-Г. Оризари од Велес под менторство на Невенка Ѓошева. Втората награда и пропадна на Јана Стојкоска ООУ,, Страшо Пинџур“-Ѓорче Петров од Скопје под менторство на Емилија Ѓорѓиева, а третата награда ја освои Ева Анастасовска ООУ„Кирил Пејчиновиќ‘, К. Вода од Скопје под менторство на Емилија Стефановска.

Во категоријата 6-9 одделение прва награда доби Ева Дејановска ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“, Гостивар со менторката Виолета Танеска. Втора награда доби Даниела Теова, ООУ „Васил Главинов“ од велес со менторката Каролина Попова. Третата награда му припадна на Андреј Стојанов „Ванчо Прке, Штип.

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

При оценување на ликовните творбижири комисијата се водеше по критериумите: – Начин на израз и оригиналност – Дело кое зборува и пренесува визуелна порака – Визуелен пристап и оргиналност – Детска енергија.

Во категоријата 1-5 одделение првата награда и припадна на Александра Шуканова, ООУ“Св Климент Охридски“, Охрид Ментор: Валентина Кузмановска. Втората награда ја заслужи Лилиана Илиева ООУ „Гоце Делчев“, Неготино Ментор: Лидија Јанева, а третата Дамјан Стефанов ООУ „Лазо Ангеловски“-Аеродром Ментор: Лидија Божиноска.

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

Во категоријата 6-9 одделение првонаградена е Сара Цветкова ООУ „Мирче Ацев“-Скопје Ментор: Влатко Костовски. Втора награда доби Ксенија Бошкоска ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани Ментор: Стојан Дурланов. Третата награда ја доби Наталија Павловска ООУ „Гоце Делчев“-Битола Ментор: Кристина Стојанова

Пофалници за особен ангажман добија Дарко Стојановиќ ОУ „Златен Сремац“ – Скопје Ментор: Славе Павловски и Лука Челебиќ ООУ „Јан Амос Коменски“ Ментор: Даниела Илиевска Стојчева.

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

Сертификати за учество ќе добијат сите ученици, и истите ќе бидат испратени по електронска пошта. Наградените учесници покрај сертификатите по пошта ќе добијат и алати за поправка на велосипед, шише за вода, торбичка за чување на ситни работи, сајла за заклучување, мачкини окца, држач за шише и вело маички.

Фото: Здружение на граѓани Еко Логик

 

Победничките ликовни дела може да ги најдете на следниот линк:
https://www.facebook.com/media/set?vanity=veloschools&set=a.928882044707839

Победничките литературни дела може да ги најдете на следниот линк:
https://www.facebook.com/media/set?vanity=veloschools&set=a.928894504706593