Отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

-

Со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, синоќа во Кино Култура беше отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје.

Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, го сподели своето искуство со публиката во поглед на користењето на новите технологии во новинарството.

– Уште додека студирав беше јасно дека дигиталната ера ќе ја наруши секоја сфера од општеството од финансии, здравствениот систем до медиумите. Па кога помислив во кој дел може јас да дадам најголем придонес, секако дека тоа беа медиумите. Ова е и многу возбудливо време за работа со медиуми затоа што алатките се лесни за користење, а досегот до публиката е побрз и поопсежен од било кога претходно, на пример на телевизијата ѝ беа потребни 68 години за да дојде до 50 милиони гледачи, а оваа бројка корисници Твитер ја достигна за само две години – рече Јакимовска на дискусијата.

Марија Фернанда Лаурет од „Контраст“ работи на ви – ар новинарството и пред публиката го објасни нејзиното искуство.

– Работиме на многу важни теми, како на пример проблемите на бегалците. Виртуелната реалност овозможува да го почувствувате просторот, па гледајќи ги бегалските кампови на пример, ја доживувате таа клаустрофобија. Едноставно со помош на виртуелната реалност ги носиме гледачите во животите на луѓето кои се дел од важни општествени теми – рече Фернанда Лаурет на дискусијата.

Фестивалот го отворија Кристина Озимец, главен координатор на ИФФС и Милан Живковиќ од „Фридрих Еберт Скопје“, кои се партнери на фестивалот.

Филмскиот фестивал продолжува денеска и утре во Кино Култура, со серија бесплатни настани за посетителите. Во текот на денешниот ден ќе се одржат три работилници, како и дебата на темата „Владината борба против дезинформации – можност за цензура, неопходен чекор или само план на хартија?“. Во 17:00, 20:30 и 20:45 часот ќе бидат прикажани и три филмови во рамките на денешната програма. Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје ќе се затвори во текот на утрешниот ден.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...