Во тек е тестирањето на играта „Arkheron“ која е комбинација од повеќе видови на видео игри. Додека девелоперот од „Bonefire Studios“ бивш вработен во Близард, Роб Пардо вели дека главните концепти му се базирани на „Diablo“, „PUBG“ и „Dark Souls“.

Има цела редица на дефиниции и сличности со многу други игри како „Dota 2“, „LOL“, „Path of Exile“, генерични „Battle Royalе“ игри и елементи од „Пукачки игри“ („FPS“) -а точниот опис на тоа за каква игра се работи е “изометриска PvPvE Battle Royalе RPG каде вие и двајца другари пробувате да ја освоите кулата во задгробниот живот.”

Според описот на Харви Рандал гејминг новинар од „PC Gamer“. Додека неговиот колега исто така од „PC Gamer“ вебсајтот, имено Линколн Карпентер ја опишува како игра што е „Чудовиштето на Франкештајн“ дека е „крпена“ со триста различни елементи од секакви други видеоигри. Но изненадувачки резултат на досегашните откривања за играта и „фидбекот“ од тие што ја испробале- се супер позитивни. 

Во играта може да се групирате со уште двајца пријатели за тим од тројца и како што вели девелоперот „тоа што го носиш те дефинира“ односно како во сите Battle Royale игри се борите со околината и земате различни оружја. Има два слота за две оружја и слот за реликвија и круни. Разновидноста на оружјата е голема, но може да склопите две оружја за бонуси -а ако го соберете цел сет -се претварате во манифестација на Легендата што ги носела одамна пред да и паднат во кулата и се претварате во Етернал -помоќна верзија која не можете да ја откажете и добивате уште помоќни способности што трае додека не загинете. Еве како изгледа една таква форма на Етернал: 

Системот за оживување паднати пријатели функционира во играта доста ефикасно така што и да мислите дека ќе изгубите со „Ressurect“ (RESS) способноста може не само да си го повратите тимот туку и на правите пресврт и да победите во случај што изгледал како тотален пораз.

Всушност целта на играта е целиот тим да направи компатибилен билд -комбинација на скилови -иако и ако влезете соло во игра може да играте со рандом група иако Pre Made тимовите во PvP се „под дифолт“ поефикасни од случајното групирање со странци во PUG(Pick up Group)  групите. 

Се прогресира на платоа од нивоа од самата кула -каде целта е да преживеете ниво и да надминете до следниот кат -секако на врвот од кулата е последната битка за конечна победа. Сето ова се случува додека ви се стеснува магла од сите правци што убива полека се што стои во нејзина зона, но може да отклучите области што со светлина ја одбиваат маглата и наместо да е привремено безбедна зона -напротив ги влече непријателските тимови токму да се борат за кој ќе има најдолго контрола над областа.

И тука се решавачките борби за вашиот „мртвак анмезичен мумија извитоперен херој или хероина“ да прогресира до врвот. 

Што се однесува до игривоста -во играта се имплементирани механики кои се иновативни, пример има правење енергетски заштитни бариери низ кои проектилите на непријателите се одбиени -а вашите поминуваат кон нив. Исто така одредени секири ви даваат способност да скокате преку „телеграфи на земја“ и други видови на „Area of Effect“(АОЕ) скилови -и да им ја разбиете одбраната.

Комбатот е динамичен, брз и потребна е истата „внесеност со хиперфокус“ за прецизност и тајминг како во „MOBA“ игрите и Пукачките Игри воедно. Перспективата на играчите не се контролира само со маус -туку и се движите низ изометриска 3D средина, а може и да ги зумирате деликатно направените ликови -и скиновите на големиот варитет на оружја и изненадувачки способности -со кои се борите „на бафтана“ ако на индивидуален играч или на целиот тим -се погодат собраните оружја на среќа -тоа нуди огромна предност -но реално и не е пресудно -дека сите нови обични способности во играта се моќни и многубројни -а „рандом дроповите“ прават неможност да се игра по „сезонска мета“ која не може да се дефинира, дека борбите се повеќе среќа, но и „скил“ стекнат во слични игри -а „Arkheron“ обединува многу стилови на видеоигри истовремено. 

Играта „Arkheron“ нема да биде бесплатна -како што е oбично случајот на ваквите игри- но мора да се напомене дека е направена од бивш Главен Креативен Офицер на Близард и менталитетот на „фирма за игри вечно гладна за екстра профит“ го има пренесено од таа фирма во новото негово студио „Bonefire Studios“ затоа и оваа игра нема да биде бесплатна и не се очекува воопшто да биде евтина.

Но тоа што е бесплатно во моментов е тестирањето на играта за кое може да аплицирате на Steam страницата на самата игра Arkheron и ако ве одберат ќе можете да ја испробате. Несомнено е дека ќе има екслузивни награди во вид на екслузивни „скинови“ (за важноста на скиновите во игрите може да го прочитате следниот Водич) и титули и „сликичиња“ во играта откако ќе излезе за сите што ја тестирале бесплатно, но за да ги земат ќе мора и тие да ја купат играта на која практично бесплатно работеле да се дооформи со тестирање. „Arkheron“ сè уште нема конкретен датум кога ќе излезе, но е генерално најавено дека ќе излезе годинава.(2026 год.)

Ако имавте потешкотии да ги разберете гејмерските фрази -ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за Гејмерски Терминологии што ги објаснува повеќето фрази што се употребуваат во видеоигри од гејмерите ширум светот и кај нас-детално објаснети на Македонски јазик.