Хајделберг Факултет во Скопје и официјално ги отвори вратите за новите студенти – идните академски граѓани кои ќе имаат можност да се стекнат со образование по германски стандарди, пракса за време на студирањето, лична поддршка од професорите и стекнување двојна диплома – македонска и германска.
„На првиот циклус стручни студии ќе бидат запишани вкупно 60 студенти, распоредени во две современи и перспективни студиски програми: бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и податоци и компјутерски науки (30 студенти). Право на запишување имаат кандидати со положена државна или меѓународна матура, а изборот ќе се врши врз основа на тестирање и интервју со комисија составена од германски професори од факултетот“, информираат оттаму.
Уписниот рок трае до 1 октомври 2025 година, а наставата ќе се изведува во Скопје и во Франкфурт, Германија. Со уписот студентите добиваат можност за подготвителна настава со реномирани ментори и професори од Германија, а за време на студирањето и дополнителни активности кои вклучуваат кариерно советување и мотивациски обуки преку Школата за управување со таленти, како и обуки за CV, мотивациско писмо, подготовка за интервју за работа и можност за бесплатно учење германски јазик.
Подетални информации може да се добијат на 070355656, на електронската пошта [email protected] или, пак, на нивната веб-страница.